Златниот гол по кој Скопје и Македонија ќе го паметат Иван Чупиќ
Легендарното хрватско крило по крајот на оваа сезона заминува во пензија на 38 години. Најубавите спомени од кариерата му се врзани за Вардар со кој освои вкупно 15 трофеи за 5 години од кои две европски титули. Датумот 4 јуни 2017-та нема никогаш да му се избрише од меморија. На финалето против ПСЖ во Келн при резултат 23:23, останаа уште 7 секунди до крај. Чупиќ ја прими и испиша нова историја за македонскиот ракомет и спорт воопшто.