РК Вардар 1961 е во група со германски Мелсунген, со полска Висла Плок и со француски Нант.
ЕХФ направи измени во распоредот на два натпревари на Вардар во групната фаза од Лигата на шампионите, потврди македонскиот првак.
Промена има кај првиот домашен натпревар против Нант во 2. коло. Средбата, која ќе се игра на 16 септември во СЦ „Јане Сандански“, наместо во 20:45 часот ќе започне во 18:45 часот.
Изменет е и терминот за гостувањето кај Висла Плоцк во 4. коло. Натпреварот нема да се игра на 15 октомври како што беше првично планирано, туку е поместен за 14 октомври со почеток во 18:45 часот.
Од Вардар информираа дека останатиот распоред за натпреварите во групната фаза на Лигата на шампионите останува непроменет.