„Балканкан“ прослави 20 години
21 август 2025
- Со специјална проекција под ѕвездено небо на „Руфтоп опен ер синема“ во организација на Скопје сити мол и Синеплекс и во соработка со Кинотека на Македонија, синоќа беше одбележан големиот јубилеј – 20 години од премиерата на култната македонска црна комедија „Балканкан“ по сценарио и во режија на Дарко Митревски.
- На настанот присуствуваше дел од филмската екипа, актерите Владо Јовановски, Ѕвезда Ангеловска, Ирена Ристиќ, Емил Рубен, ѕвездите од К15 – Васко Тодоров и Бранко Огњановски, сценографот на филмот Бујар Муча, костимографката Жаклина Крстевска, менаџерот на локации Роберт Јазаџиски и Зоран Ристески, продукциски менаџер, како и пријатели на филмот, и многу јавни личности од македонската сцена.
- Режисерот Митревски, кој веќе 18 години живее и работи во Лос Анџелес и чиј филм ги урна сите рекорди на гледаност и ги обедини актерите од Македонија, Србија, Хрватска, Босна, Италија и Словенија, со видеопорака се обрати до присутната публика.