Meстото се вика Заливот Сусами, и тука, на 10 метри длабочина во морето, е поставено поштенско сандаче од каде може да се испрати посебно направена, водоотпорна картичка. Сусами е рибарско гратче со околу 5000 жители каде сандачето е и туристичка атракција. Во него во сезона пристигнуваат околу 1000-1500 поштенски пратки дневно (!).
Картичките се купуваат на лице место, заштитени се од вода а на нив се пишува со маслени маркери. Испраќачите се нурнуваат во морето на означено место за да ги испратат, што е предизвик само по себе. Оваа атракција постои од 1999, кога била предложена од тогашен 70-годишен поштар по име Тошихико Мацумото.
Во 2002 сандачето влегло во Гинисовата книга на рекорди како најдлабоко поставено сандаче во светот. До тогаш преку него биле испратени дури 32.000 пратки. Слични сандачиња постојат и во други делови од светот, но ова е уникатно не само поради својата длабочина, туку и поради фактот што картичките често можат и да се јадат - имаат различна боја и вкусови и можат да се купат од локалните гранапчиња.
Бидејќи стоејќи под вода сандачето бргу се оштетува, тоа се заменува на секои 6 месеци, но неговиот дизајн е секогаш „ретро“. За оваа цел се произведуваат и водоотпорни поштенски марки.