Технолошко напредните јавни тоалети во Јапонија ги фасцинираат посетителите кои по враќањето во своите земји не зборуваат толку за музеи и споменици колку за загреани седишта на шољите, автоматското пуштање вода, па дури и позадинските звуци кои ги маскираат оние физиолошките.
Благодарение на „Совршени денови“ на режисерот Вим Вендерс, кој беше номиниран за овогодинешните Оскари во категоријата странски филм, сега интересот за овие ВЦ-иња е зголемен. Во него ја следиме дневната рутина Хирајама, чистач на ВЦ-иња кој на оваа негова професија ѝ пристапува со посветеност на зен монах.
Властите во токиската населба Шибуја, чии тоалети се појавуваат во филмот, нудат тура од дури 17 вакви објекти дизајнирани од познати архитекти, како Тадао Андо и Шигеру Бан.
Шибуја се нарекува град во град, со своите речиси 230.000 луѓе, а ним воопшто не им пречи што нивниот регион станува познат токму по тоалетите. Идејата за градење на нови структури од ваков тип е развиена во рамките на тн. Токио тојлет проџект, соработка помеѓу повеќе архитекти, компании и фондации кои имале за цел да го сменат имиџот на јавните тоалети како мрачни, валкани и опасни места. Најпознати денес се тоалетите дизајнирани од Шигеру Бан, добитник на Прицкеровата награда за архитектура (еквивалент на Нобел во оваа област) со неговите обоени „умни“ стаклени ѕидови, кои се заматуваат кога во ВЦ-то влегува нов корисник.
Претходно: Проѕирните јавни тоалети во Јапонија