Дизајнирани од архитектонското биро Шигеру Бан Архитекти, двата нови сета проѕирни јавни тоалети се инсталирани во Шибуја, градскиот центар во Токио познат по големите пешачки гужви.
Иако на прв поглед влегувањето во нив звучи ризично, целта на иновативниот проект е точно обратното, да се промени перцепцијата за јавните тоалети како за валкани, смрдливи и небезбедни места.
Архитектонското биро, кое ја има добиено престижната Прицкерова награда, дошло до решение - кога нема никој во тоалетот тој да е проѕирен, за човек да може да види како изгледа внатрешноста и дали можеби има некој или нешто внатре. Кога еднаш корисникот ќе влезе, стаклата се затемнуваат. Ноќе просториите светат во различни бои, што прави да изгледа како парковите во кои се поставени да се осветлени од фенери.
Eдинствен проблем е што кога еднаш ќе влезеш не можеш баш да знаеш дали стаклото се заматило или не. Тоа ќе се случи само ако вратата е добро заклучена. Ако не, тогаш тоалетот навистина станува транспарентен.
За магијата на нашите „транспарентни“ тоалети види „Есеј за патувањето со (македонски) воз“