Кога во 19 век НЛО слетало во Јапонија

Како што во вестите сè почесто се слуша за различни необични вселенски објекти кои прелетуваат над глобалното небо, така искрснуваат и интересни приказни за исти такви виденија од минатото. Ова е дури од 1803-тата.

Фасцинацијата со неидентификуваните летечки објекти навидум е поврзана со дваесетиот век и урбаните легенди кои главно доаѓаа од САД. Но Јапонците често знаеле да бидат пред останатиот свет, па и на оваа тема. Кај нив постои легенда за такво летало, под името Уцуро-буне, која датира од пред повеќе од два века.

Приказната го вели следново: во 1803 на јапонскиот брег е пронајдено округло транспортно средство од кое излегла убава жена. Носела необична облека и со себе имала некаква кутија. Не можела да искомуницира со локалното население, а на леталото имало мистериозен натпис. 

Од денешна гледна точка, илустрациите на ова НЛО во документите од периодот Едо, значи многу пред американските приказни на истата тема, прикажуваат нешто што личи на летечка чинија. Самото име означува „шуплив брод“, а со него се поврзани 11 документи, од кои најинтересните се датирани токму истата година кога леталото наводно пристигнало во Хитачи, малиот крајбрежен град на јапонскиот исток.

Што точно се случило тогаш? Како тоа формата на она што тогаш било видено толку многу личи на модерните визии на летечки чинии? Со оглед на тоа што инцидентот се случил во текот на 265 години долгиот период на национална изолација, тешко е да се замисли дека некој странец се појавил на јапонскиот брег без да предизвика голема реакција. Легендата вели дека рибарите од Хитачи едноставно ја вратиле збунетата жена, сосе кутијата, во „шупливиот брод“, и тој едноставно си отпловил во далечината. 

извор

Бонус: Денешна вест 

A mysterious metal ball spotted on a beach in Hamamatsu City this week prompted local police to scramble the bomb squad. A careful examination revealed it is not a threat -- but shed no light on what it actually is. pic.twitter.com/ytClWsP0bw

22 февруари 2023 - 18:49