Oва е местото кадешто би сакале да одиме, не само затоа што е далеку, и не само затоа што е изолирано, туку и затоа што станува збор за хотел со природна бањска, лековита вода. Нишијама Онсен Кеиункан се наоѓа во областа Јаманаши, и иако постои веќе 1300 години, сепак не е „замрзнат“ во времето како што наложува идеологијата на конзервацијата во повеќе делови од светот. Во Јапонија начинот на којшто старото се меша со новото е малку поинаков. Тука се спие на футони (на земја), вечерата се служи на ниски масички во јапонски стил, но има и брз безжичен интернет и продавница за сувенири.
Актуелниот директор на местото, Кавано Кенџиро, објаснува дека тука престојувал и некогашниот цар на Јапонија, иако тоа на времето се чувало во тајност.
Во Јапонија се наоѓа и вториот по старост хотел во светот, Хоши рјокан, кој е формиран во 718-та. Во оваа земја над 3100 хотели и одмаралишта, но и компании, постојат повеќе од 500 години. Најмалку 19 од нив тврдат дека работат континуирано од првиот милениум. Помеѓу нив има и брендови како Нинтендо и производителот на соја сос, Кикоман. Во Кјото се наоѓа најстарата чајџилница во светот, основана во 1160-та.