Новата сума (околу 7.500 долари) е значително зголемување од претходната субвенција од 300.000 јени по истата основа, и мерката почнува да важи од април годинава. За јапонските власти проблемот е двоен, прво што Токио е неподносливо пренаселен, а за сметка на тоа остатокот од државата или е празен или има главно старо население.
Услов за добивање на субвенциите е семејството целосно да се отсели од пошироката област на Токио, а има опција и за останување во областа но во планинските делови кои се во нејзините граници.
Во проектот учествуваат околу 1.300 општини (80% од сите), во надеж дека ќе ги пополнат своите редови и дека ќе го продолжат трендот што започнува за време на пандемијата, кога голем број жители го напуштија Токио и големите јапонски градови и почнаа да работат далечински.
Меѓу условите за субвенциите е семејствата повеќе од пет години да живеат на новата локација, и барем еден член на нивното домаќинство да работи или да планира да отвори нов бизнис на новата локација. Тие што би се вратиле назад пред петте години ќе треба да ги вратат парите од субвенциите.
Пошироката област на Токио е најголемата во светот и денес брои околу 35 милиони луѓе.
Кога пред три години, во 2019, беше пуштена првата варијанта на програмата, со 300.000 јени помош по дете, таа беше искористена од само 71 семејство. Во 2021, бројката порасна на 1.184 семејства кои ја напуштија јапонската престолнина.
Јапонија во 2020-2021 го имаше најголемиот пад на население во светот од 644.000 луѓе. Очекувањето е дека јапонското население од сегашните 125 милиони луѓе до 2065 ќе падне на околу 88 милиони луѓе.
Во 2021, во земјата имаше вкупно 811.604 новороденчиња, што е најнизок број откако земјата прв пат почнува да води статистика во 1899. Затоа пак бројот на лица над 100 години е пораснат на над 90.500 луѓе, споредено со само 153-ца во 1963.