Спорната ситуација која цела ноќ и цело утро со тумачи во медиумите и социјалните мрежи предизвика многу контроверзи поради една причина: Јавноста немаше можност да види на забавена снимка со графика зошто голот е регуларен?
Од некои агли изгледа дека топката е излезена во аут и дека лежиштето не и е на линијата, но дилемата беше разрешена со ВАР.
Правилото е јасно, топката со цел обем треба да ја помине линијата за да биде гол аут и тоа се гледа само од горниот агол. Само еден милиметар бил клучен за голот на Јапонија да биде признат.
Но бидејќи тоа не се покажа во пренос, остана да лебди прашањето зошто голот е признат?
Со оваа многу тешка и хихуршки прецизна одлука која немаше шанси да се разреши без денешните технологии, Јапонија е прва во групата, а Германија елиминирана.
Од овој агол изгледа дека топката е цела излезена во аут
Исто и од видеото
Eh proper confused….must be a different angle #SpainVsJapan pic.twitter.com/0mV6KXU5Af
— Adam Webster (@adswebbo) December 1, 2022
Но од горниот агол се разрешува тешката дилема
Тука е уште појасно
Некој разработил практичен пример од два агли за тоа што се случи на мечот
Ова е видеото кое фалеше да ја разреши дилемата за време на преносот.
Каков ролеркостер на Светското, Јапонија со ново чудо, Германија пакува куфери