Премолчената пандемија достигна нови рекорди

Од оваа пандемија нема никој загинато освен сиви мозочни клетки и волја за живот, ама не е ни најмалку наивна и главно таргетира ранливи категории од типот тазе татковци и мајки.

Најпопуларната верзија на „Baby Shark“ од каналот Пинкфонг стана првата песна и општо видео во историјата на Јутјуб што е прегледано повеќе од 10 милијарди пати. 10.000.000.000 пати.

Идентично разочарувачки е податокот дека Бејби шарк има доминантна предност пред второпласираното видео кое е со вкупно 7,7 милијарди прегледи.

Бонус полошо: второ најгледано видео на Јутјуб, со овие 7,7 милијарди прегледи е Деспасито.

Бејби шарк овие 10 милијарди ги прави од 18 јуни 2016 до денес, а Деспасито од 13 јануари 2017.

Бејби шарк за сега има барем 100 верзии на 11 различни јазици. Рекордот е само за едно од видеата на Пинкфонг, другите се плус.

13 јануари 2022 - 15:21