Филмот ќе се вика Мегалополис.
Што се раскажува? Зак Барон, кој на Копола му прави подолг профил во GQ признава дека не би знаел да го раскаже бидејќи тоа му е тешко и на самиот Копола.
„Најдоброто што можам да го кажам, после многу часови разговори со Копола за филмот, е ова: тоа е љубовна приказна која е исто така филозофско истражување на природата на човекот; сместено е во Њујорк, но Њујорк натопен во ехо на античкиот Рим; филм со толку големи размери и амбиции што Копола проценува дека ќе чини 120 милиони долари за да биде снимен,“ пишува Барон.
120 милиони долари. Мал проблем е што ниедно студио не сака да биде дел од тој филмски проект. Затоа Копола планира да го финансира сам.
Во неговата богата кариера, тој знаел да влезе во големи зијани, како на пример кога во 1982 година изгуби 26 милиони долари на филмот „One From the Heart“, што за малку комплетно го уништи.
Но, сега е во поинаква финансиска ситуација, не само заради тантиемите на неговите долговечни филмски остварувања, туку и заради извонредно успешниот вински бизнис кој го има во долината Напа.
„Сакам во наредните 50 години луѓето да мозгаат што всушност сака да каже Магалополис, што Копола сакал да долови со ова или со она,“ вели стариот махер кој ни ги подари „Кум“, „Апокалипса денес“ и „Конверзација“ (со Џин Хекман).