- Во првата порака до јавноста откако беше избран за нов врховен лидер, Моџтаба Хамнеи се закани дека Иран ќе ги напаѓа базите на САД на Блискиот Исток, ќе ја одмазди крвта на жртвите на американско-иранските напади врз неговата земја, особено на девојчињата што беа убиени во училиштето во Минаб, и ќе го блокира бродскиот транспорт низ Ормускиот теснец.
- „Иран ќе добие отштета од непријателот. Ако тој одбива, ќе присвои добра со иста вредност, а ако тоа не е возможно, ќе уништи добра во иста вредност“, порача Моџтаба Хамнеи.
- Блокадата на Ормускиот Проток ќе ја користи како притисок врз непријателот.
- На соседите на Иран им порача дека Техеран ги смета за пријатели и дека ги напаѓа само американските бази на нивна територија.
- Неговата порака ја прочита презентерка на државната телевизија. Тој не се појавил во јавноста откако беше избран за нов врховен лидер на 8 март. Иранските власти потврдија дека Моџтаба бил полесно ранет при нападот на 28 февруари во кој беа убиени неговиот татко – врховниот лидер и ајатолах Али Хамнеи, мајката, сопругата и еден син.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.