„Апологeтот на Владимир Путин, Оливер Стон, кука за состојбата во која се наоѓа светот, а како аргументи ги наведе актерските избори на Рајан Гослинг и Кијану Ривс“, пишува Консеквенс.
Прифаќајќи да го глуми Кен во Барби, Гослинг придонесува за „инфантилизација на Холивуд“.
„Рајан Гослинг си го губи времето што го прави тоа срање за пари. Треба да прави посериозни филмови. Тој не треба да биде дел од оваа инфантилизација на Холивуд“, рече Стоун.
Подоцна Стон објасни дека галамата која ја почна магазинот Дедлајн е обичен сензационализам и дека тоа му е стара изјава:
„Во тоа време, бев зафатен со промовирање на мојот документарец во Европа и имав малку или никакво знаење за проектот надвор од неговиот наслов“, напиша тој, давајќи контекст на интервјуто од јуни 2023 година.
Стон уште пожесток беше за поновата филмографија на Киану Ривс, поконкретно франшизата за Џон Вик која ја смета за доказ дека „светот се дегенерирал во нелогичност“.
Го гледал во авион.
„Во авион го гледав Џон Вик, кој трае три и нешто часа. Заспав околу 778 пати за време на филмот“.