Иако една од најголемите холивудски ѕвезди, Дизни се откажа од Деп во 2018 по колумната објавена во име на Амбер Херд (а напишана од АЦЛУ) во Вашингтон пост во која се тврдеше дека Деп ја малтретирал Херд.
Откако завршил судскиот спор меѓу Деп и Херд (или барем оваа рунда) и тоа во корист на Деп, Дизни решил својата претходна одлука да ја коригира со неверојатна сума пари и да проба да го врати актерот во своето портфолио.
Дизни наводно го контактирале Деп со прашање дали е потенцијално заинтересиран за уште еден или два пиратски филмови. Уште едно наводно е дека студиото веќе има драфт за нов, шести, филм со Деп како Џек Спароу.
Освен сумата од 301 милион долари, Дизни се понудил да донира и значителна сума на хуманитарна организација по избор на Џони Деп.
За време на судењето Деп изјави дека никогаш повеќе нема да работи за Дизни, дури и да му бидат понудени 300 милиони долари и милион алпаки.