На тој специјален вебсајт се добива само локација на која треба да се сретнат со човек:
„Денес го добив сценариото. Го немам прочитано. Го немам отворено. Уште немам добиено пасворд за сајтот... буквално добиваме пасворд на кој добиваме локација на човек кој треба да го сретнеме и да потпишеме договор, да седнеме на компјутер и да го прочитаме текстот,“ сведочи Ентони Меки кој ќе го има во новиот Кaпeтaн Америка.
Со оглед на тоа што ордата супер-фанови на Марвел одлично ги познаваат сите можни приказни и детали од богатата стрип историја од кои се мотивираат новите филмски сценарија, и најмала назнака за тоа што ќе има во новиот најавен филм може да ја расипе магијата на исчекување на што пак се темели гужвата пред кино благајните.
Иако Меки се зеза со параноичните протоколи на студиото, јасно му е зошто постојат, првенствено заради некои од неговите лајави колеги. Особено опасен во тој поглед е Спјадерменот Том Холанд, озлогласен по тоа што не знае да држи затворена муцка и да чува тајни.
За да ги осуети неговите муабети наоколу, своевремено студиото намерно му има кажано на Холанд дека погребната сцена на Ајрон е всушност свадба а му подметнувале и лажни продукциски сценарија. Ако веќе зборува, да зборува глупости кои реално немаат врска со филмот.
Протоколи и процедури за неоддавање тајни има ама баш за сите кои се вклучени во продукцијата на скапите франшизи. Еден од преведувачите своевремено раскажуваше дека откако потпишале договор за доверливост, им бил пуштан цртан филм во кој еден ја пее онаа од Шерман брадеерс, “It’s a small world after all”, колку да им текне колку е лесно нешто да протече и да се изгубат милиони.
Ако не го знаете објавениот „спојлер“ за новиот Кaпетан Америка, во него ќе го има и Харисон Форд и Себастојан Стен.