Дали сликата на татковството која ја гледаме во филмот “Taken” веќе е аут од модерниот концепт на машкост? се прашува Ендрју Аојама од Атлантик па ќе го понуди овој поглед на работите:
„Ако денес е тешко да се гледа „Taken“ без барем да се згрозиш од глорификацијата на крвопролевањето на Нисон, можеби е затоа што традиционалната концепција за татковството што ја отелотворува неговиот лик почнува да губи чекор со променливите сфаќања за мажественоста... Дисциплината беше со генерации домен на таткото а праведниот гнев му дадоа значење на татковството. Бес како оној на Нисон може да се оправда како дефинирање на некогашното прифатливо однесување“.
Треба да си дрво да не ја забележиш привлечноста на Taken или John Q или Commando или кој било од илјадниците „не бројам колку треба да потепам за да си ја спасам фамилијата“ филмови, реплицира Мат Таиби.
На секој родител му е познато чувството на неограничена ранливост што те погодува кога ти се раѓа дете. Не можеш да веруваш колку ги сакаш, но никогаш не престануваш да бидеш свесен за тоа колку комплетно би се срушил твојот свет доколку некогаш нешто им се случи. И мајки и татковци, сите ние стануваме машини за секирање, обземени од мисли како да ја заштитиме таа прекрасна и беспомошна работа што ни се случи.
Сиот тој стрес се таложи додека не станеш бел во косите а во кино ќе дојде некој филм како Taken, кој душа дал да се олабавиш. Повторно, треба да си дрво да не го сфатиш блесавиот заплет на Taken како метафора. Татко не може да биде некој сметководител чиј главен дострел е прв да зaбележи мувла во некој ќош од куќата а деновите му минуваат додека пази неговата мала ќерка да не голтне џамлија.
Со Taken и слични филмови човек може секако да се зеза, но да го разгледуваш во контекст на „грозење“, па „губењето чекор“ па „променливи сфаќања на мажественоста“ е баш претенциозна утка.
Тоа не е филм за мажи кои сонуваат да ги истепаат дечковците на ќерка им. Не станува збор ниту за „дисциплина“!
„Тоа е само ескапистичка фантазија за сите кои некогаш ја почувствувале беспомошноста што стануваат стари за да ги заштитат своите од од сè“.
*******
Ова е феноменално парче на Џервеис, Кога Лијам Нисон решава да се проба како комичар.