Чуварите и Сирената не ги исполниле очекувањата, додека Чуден свет и Лајтиар биле тотален неуспех, тврдат од Валијант Ренегејд компанија која што занимава со анализа на финансиската страна на Холивуд.
Дополнителен проблем за Дизни е што компанијата не ги продава содржините на ниту една друга компанија, туку ги задржува правата за себе и своите платформи. Ова значи дека минусот нема да може да биде покриен ниту со пари од лиценци, кои инаку се проценува дека би му донеле милијарди долари приходи на Дизни.
Пример, Малата сирена до сега е на чекор од 500 милиони долари приход од кино-благајни. Снимањето на филмот чини 250 милиони долари, но процените се дека тој ќе треба да заработи 560 милиони долари пред да почне да му носи профит на Дизни.
Лајтиар пак со буџет од 200 милиони долари, направил скромни 226,7 милиони долари од продажба на карти низ светот. За споредба, Инкредиблс 2 од 2018, кој имаше сличен буџет донесе 1,2 милијарди долари од продажба на кино-влезници.
Ако кај Малата сирена контроверзата беше изборот на главна актерка и зошто морала да биде црнкиња наместо бела сирена како во оригиналот, кај Лајтиар на заработката влијаеше тоа што тој не можеше да биде пуштан во кината во 14 блискоисточни или азиски држави затоа што во филмот е прикажана истополова врска.
Иако парите изгледаат дека се многу, Мет Дејмон пред некое време имаше објаснување околу математиката зад снимање и заработување од филмови „ако снимиш филм од 50 милиони, ти требаат уште 50 милиони за да го рекламираш,“ а и кога заработуваш парите од кино-благајна се делат меѓу студиото и киното.
По враќањето на челото на компанијата Дизни, Боб Ајгер објави план за кратење на 5,5 милијарди долари во трошоци, а прв чекор за тоа беше отпуштање на 7.000 вработени.