Холивудските актери и писатели летово штрајкуваат за прв пат од 1960 година, барајќи подобри плати и регулативи за употреба на вештачка интелигенција од страна на студијата.
Во меѓувреме, Нетфликс нуди дури 900.000 долари за еден менаџер на ВИ продукти.
Контрастот неодоливо потсетува на епизода од серијата “Black Mirror” во која Салма Хајек е заглавена во кафиканска битка со нејзиното студио кое без нејзина дозвола користи дигитална верзија на актерката.
„Даваат 900.000 долари за еден единствен војник во нивната ВИ армија, пари со кои може да се покријат 35 актерски семејства со здравствено осигурување. Пари има, проблем се приоритетите,“ вели за Интерсепт глумецот Роб Деленјни.
Едно од барањата на актерите е заштита од користење на нивните скенирани појави кои подоцна би ги користела вештачката интелигенција без компензација за актерите. Со други зборови, студијата сакаат да платат актер за еден ден работа во која ќе го снимаат и скенираат, а потоа бескрајно ќе го користат тој лик како што сакаат, со помош на ВИ.
Слични се и барањата на сценаристите, ботовите да не им го намалуваат хонорарот ако бидат користени за дозавршување на приказната.