Бидејќи често и онака не гледаат подалеку од носот, први до решение на мистеријата дојдоа тик-токери.
Таткото на Кевин е мафијаш!
Тоа го објаснува и однесувањето на малиот: кога му стана јасно дека оние двајца клипани се дојдени да ја ограбат куќата, Кевин ни во еден момент не помисли да се јави на полиција, што е логичен резултат на неговото воспитување во мафијашка фамилија.
„Кевин инстинктивно се понесе според кодот 'ова е моја куќа, мое е да ја бранам'. Помафијашки од ова- здравје“, вели еден од „теоретичарите“ кои потсетуваат дека малиот ни на крај не разговара со полицијата ниту дава изјава.
По нивното сценарио, Питер Мекалистер (таткото) е шеф на една мафија а Хери и Марв (лузерите) се членови на ривалска мафија кои се дојдени за одмазда.
И делот од филмот во кој се вели дека патувањето во Париз го плаќа братот на Питер лесно се вклопува во теоријата: и тој е мафијаш или барем сметководител на гангстерската фамилија.
Освен продуцентите, најголем ќар од глобалниот успех на првиот Сам дома виде Меколи Калкин. За таа ролја бил платен само 100.000 долари ама затоа за Двојката има добиено 4,5 милиони долари.