Таг: матрикс

Исповед на Вил Смит зошто одбил да го глуми Нео во Матрикс

Приказната многу повеќе вреди заради инсајдерското инфо што го споделува за механизмите и размислувањето на Холивуд, отколку заради тоа што е Вил Смит. Да е до него тој не би го снимил ни „Луѓе во црно“, ама добива телефонски повик од Спилберг (продуцент на Луѓе во црно) со молба „дај направи ми една услуга за ова, не го користи твојот мозок, користи го мојот“. Само заради ова Смит решава да учествува во Луѓе во црно. За Матрикс никој не му се јавува, па Смит се зафаќа да го снима Див, див Запад.

Матрикс гол преку голман

Секој би го избегнал голманот или би пробал да изнуди пенал со протнување на ногата во него, ама детево направи револуционерен потег.

Кодот на Матрикс е рецепт за суши

Нам ќе ни изгледаше многу пологично ако беше рецепт за сарма. Па гличовите во програмот да ги викавме растурена сарма. Ама па тогаш никој немаше да се двоуми кое апче да го земе. Нормално, она против киселини.

Дали она што се случи на Оскарите е доказ дека живееме во компјутерска симулација?

Гафот на Оскарите беше бизарен, но на начин кој е типичен за целиов овој бизарен период, вели Адам Гопник од Њујоркер, кој излегува со...бизарна теза. Дека необичните настани кои се случуваат низ светот во последно време се резултат на грешка во Матриксот. Не, не е сатиричен текстот.

Интерстелар, Интерстелар, харе, харе

Интерстелар, како и голем број други научнофантастични филмови чијашто филозофија се базира на поврзаноста на сè со сè, и на некаква универзална суперсвесност што ги надминува времето и просторот, всушност ги отсликува древните учења вградени во источните религии.