Таг: кристијано роналдо

Роналдо падна во шеснаесетник и му мавташе на судијата да не свири пенал

После сите нервози, плачки и кавги со судии, Кристијано Роналдо конечно со саглам потег во Саудиска Арабија, кој може да им се служи како пример на глумците. На мечот против Персеполис од Иран во азиската ЛШ, Роналдо доби непостоечки пенал откако никој не го допре, но веднаш го корегираше судијата дека немало елементи за удар од 11 метри.

Кога Роналдо најде да се закача со Кафу

Роналдо тука има 20 години, Кафу 35, значи 15 години постар и пак почит нула. Одговорот на еден од најјаките бразилски бекови во историјата беше едноставен, со еден потег.

Роналдо бараше судијата да биде заменет и пак наседна на провокациите за Меси

Со голот на Мане во 107 минута, Ал Наср го елиминираше Ал Етифак во осминафиналето од Кралскиот Куп. Роналдо како и многу пати, се нервира и влегува во клинч со навивачите кои скандираат за Меси, а во еден момент побара замена за судијата, незадоволен од црвениот картон за Талиска.

Специјална торта за Роналдо на тренингот на Ал Наср

И покрај тоа што годината не е завршена и бројките може уште да растат, фудбалерите на Ал Наср го изненадија Роналдо со торта на која стои неговата голгетерска статистика за 2023-та, а тоа се 40 голови на сите натпреварувања за клуб и репрезентација. Плус 203 меча и 127 гола за Португалија.

Деби гол на Роналдо во азиската Лига на шампиони

Ал Наср како фаворит над првакот на Таџикистан, Истиклол славеше со 3:1 во ЛШ и тоа изненадувачки откако гостите поведоа во 44-та минута. Со израмнувањето на Роналдо и двата гола на Талиска, Ал Наср стигна до 3:1 во рок од 11 минути.

Роналдо му влезе на голманот на Словачка со крампони во глава

Со голот на Бруно Фернадеш, Португалија ја доби Словачка на гости и може да биде среќна што не остана со играч помалку. Кристијано Роналдо имаше несмасен старт над Мартин Дубравка и помина само со жолт картон.

Роналдо го пцуеше судијата, не му досудија два пенали

Со головите на Талиска и Брозовиќ во судиското продолжение, Ал Наср се избори за пласман во групната фаза на азиската Лига на шампиони. Кристијано Роналдо не се запиша на листата на стрелци и повторно правеше сцени.

Како тоа јас дадов два гола, а не сум МВП?

Пусти Кристијано сака сите голови и награди да бидат негови. Постигна два во финалето на Африканскиот Куп на шампиони против Ал Хилал и со тоа го освои првиот трофеј откако е дојден во Ал Наср, а на крајот бараше објаснување зошто не е прогласен за најдобар на мечот. Признанието отиде во рацете на Сергеј Милинковиќ Савиќ.

Херојска партија на Роналдо, му донесе трофеј на Ал Наср во продолженијата

За Меси и Роналдо годините дефинитивно се само бројка. Едниот врза голгетерска серија на првите 5 меча во САД, а другиот стигна до првиот трофеј во Саудиска Арабија и тоа со два негови погодоци.

Голмански рефлекс кој им спречи радости на Роналдо и Мане

Кристијано Роналдо ја заврши работата од пенал и со победа од 1:0 му обезбеди на Ал Наср финале на Арапскиот Куп на шампиони. Весниците ќе беа уште побогати ако ги погодеше двете 100% шанси после прекрасните додавања на Садио Мане. Второто ептен атрактивно со пета на прва.

Роналдо со гол од пенал го однесе Ал Наср во финале и доби трофеј за кој го закачнаа

Ал Наср обезбеди пласман во финалето на Арапскиот Куп на шампиони, а Кристијано Роналдо беше прогласен за играч на натпреварот. Погодува на четири меча во низа.

Нова бламажа на Роналдо после фруструција за поништен гол

Со ваков однос и толеранција, човеков едноставно само се брука што уште игра фудбал. Се нервира што не може да даде гол на пријателска против Ал Шабаб, мислиш игра финале на Светско против Аргентина. Прво му го поништија, после излезе нервозен каков што е често во Саудиска Арабија со 200 милиони годишно и на крај го испрска камерманот со вода и го набрка со прстот. Има ли повеќе Кристијано Роналдо некакво ниво?

Ди Марија си поигра со Роналдо

Бенфика убедливо со 4:1 го совлада Ал Наср во подготвителните натпревари пред новата сезона. Очите беа вперени кон двете најголеми ѕвезди. Помладиот ветеран, Ди Марија (35), најде чаре на атрактивен начин да се ослободи од постариот кој има 38. Плус даде и гол.

Не сега шефе, остај ме уште 5 минути

Само неколку дена откако Ал Наср беше декласиран од Селта Виго со 5:0, загубија убедливо и од Бенфика со 4:1. Резултатот го отвори Анхел Ди Марија, а на Роналдо како да не му се излегуваше од игра и при негатива од 3:1, па се испазари со тренерот за дополнителни 5 минути.

Бејл објаснува за каква апсурдна работа се нервирал Роналдо во соблекувална

Герет Бејл кој со Роналдо се радуваше на многу трофеи во Реал, вели дека Кристијано бил океј лик со кој немал никогаш проблеми, но ја потврди неговата опседнатост, а тоа се головите. И 5:0 кога ќе победеле, ги фрлал копачките од нервоза ако го нема меѓу стрелците.

Ал Наср ја сврте од 0:2 на 3:2 со убав гол на Роналдо

Домаќините имаа негатива од 0:2 после 40 минути игра, но успеаа да се вратат со три гола од 44-та до 59 минута. Кристијано Роналдо лесно го доби дуелот против двајца и со одличен шут од работ на шеснаесетникот го реши мечот за конечни 3:2. На две кола до крај Ал Итихад останува лидер на табела со 3+ пред Ал Наср.

Него Роналдо уште е нервозен

Кај и да е, сигурно некој ќе стокми компилација од големата фудбалска ѕвезда, која во Битола би ја крстиле „Најдоброто од Кристијано нервознио“. Нов кикс на Ал Наср, нови нервози за Роналдо кој оттурна член на стручниот штаб на гостите кој му пријде за селфи и нов дриблинг од соништата. На четири кола до крај клизнаа на -5 од лидерот Ал Итихад.

Овој па пак е нешто нервозен

Има и зошто. Пак не даде гол, туку погоди само статива, а неговиот тим е елиминиран од ново Куп натпреварување, вкупно трето за еден месец.

Вие клипче од мене и јас клипче од вас

Роналдо излезе на вечера со девојка му Георгина, за да го прослават нејзиниот 29-ти роденден. Сите прекинаа да јадат кога се појави. Ама тој ги изненади и ги начека спремен.

За ова ли му давате 200 милиони по сезона?

Има 2,5 годишен договор од 500 милиони евра, не знае да прифати пораз, се нервира на секој втор натпревар и рога шишиња. Кој е тој?

Роналдо симулираше пенал против Луксембург и тоа на 0:4

Колку е човеков опседнат со своите голови и самиот не е свесен. Го прегазија аутсајдерот во квалификации со 0:6, а при резултат 0:4, глумеше во шаснаесетник и тоа со веќе два постигна гола. Си доби и жолт, а головите му отидоа во втор план. Сите зборуваат за резилов.

Роналдо ја искина мрежата од слободен и стигна до нов светски рекорд

Гол од слободен удар на Меси за Аргентина, гол од слободен удар и на Роналдо за Португалија. Првиот стигна до погодок број 800 во кариерата, вториот испиша историја со 197 репрезентативни настапи.

Не порасна човеков

Одигра над 1.100 меча, постигна преку 800 гола, освои 32 трофеи и се изнервира и ја рогна топката затоа што судијата свирна фаул и му спречи контра. За ова ли му даваат 600 милиони? Во Кривогаштани не се однесуваат вака.