Ал Наср го загуби дербито во Саудиска Арабија на гости од Ал Итихад со 1:0, а со тоа остана и без лидерската позиција во групата. Кристијано Роналдо имаше пас за ежење, а потоа фрустриран од поразот им го истури бесот на шишињата.
Саудиска Арабија го славеше денот на независноста, а своја интерна прослава организираше и Ал Наср во која го вклучи и најплатениот фудбалер во историјата. Се појави со сабја и традиционална облека.
Не би да судиме по изглед, ама еден од најдобрите на сите времиња да се радува против ваков лик на ист начин како против Барса, некако не оди. Кире Трајчев од Силекс е Паљука за овој.
Чудни фотографии пристигнаа од фудбалскиот натпревар меѓу Ал Наср и Ал Вехда во Саудиска Арабија. Додека Кристијано Роналдо се радуваше на четири гола, на трибините на Мрсол парк имаше рој од скакулци.
Кристијано Роналдо конечно се отвори во дресот на Ал Наср и во рок од 40 минути ја торпедираше Ал Вехда со 4 комада за победа од 4:0. Португалецот стигна до 61-ви хет-трик во кариерата и ја мина границата од 500 лигашки голови. Пред да ја носи топката дома побара од судијата да му ја потпише.
Човекот кој за 2,5 години ќе заработи енормни 500 милиони евра и кој беше критикуван дека го нема никаде, на неговиот трет настап во Саудиска Арабија одговори безобразно со 4 комада. Ал Наср - Ал Вехда конечни 4:0. Роналдо стрелаше во 21, 40, 53 и 61 минута. Сега има вкупно 5 првенствени гола и стигна до голем јубилеј од 500 лигашки голови во кариерата.
Арапската јавност и општо сите фанови на Роналдо, го дочекаа викендов дебито за Ал Наср. Тоа беше прв меч за новиот клуб, но не и прв на нивниот стадион. Има одиграно и едно финале.
Кристијано Роналдо дебитираше за Ал Наср без постигнат гол, но со победа од 1:0 над Ал Етифак, клуб за кој игра, но не настапи Дарко Велковски. Навивачите се воодушевија од првиот атрактивен потег на Португалецот кој го седна на газ својот чувар.
Девет гола од кои два Роналдо и еден Меси, промашен пенал на Нејмар, црвен картон на Бернат, атрактивни потези. Пријателската меѓу ПСЖ и ѕвездите на Ал Наср и Ал Хилал понуди многу забава за публиката во Ријад.
Португалската ѕвезда, освен што ќе добие 500 милиони евра од Арапите за две и пол години договор, му обезбедија и кралски објект вреден 14 милиони евра со три вили, водопат, базен, осум спални, теретана... А на стадион му приредија шоу.
„Фудбалот е поразличен, a за мене тоа што дојдов во Јужна Африка не значи крај на кариерата“, рече Роналдо на официјалната промоција на Ал Наср, клуб кој е инаку дел од југозападната азиска држава Саудиска Арабија.
„Откако ја освои Европа, големата ѕвезда има нова мисија да ја освои Азија“, гласи пораката на Ал Наср кој со две и пол годишна заработка од 500 милиони евра, го направи Португалецот најплатениот играч откако постои фудбалот.
Иако изгледаше дека Мароко им е противник по мерка и ветуваа нова моќна партија после оние 6:1 против Швајцарија, сепак Португалците заминуваат дома, а Роналдо се збогува со неговиот петти и веројатно последен Мундијал во кариерата со многу тага и солзи. Една од ретки негови неславни статистики вели вака: 0 голови на нокат мечевите на СП.
Со изоставувањето на најголемата ѕвезда од стартните 11, селекторот на Португалија Фернандо Сантош направи многу смел потег кој сигурно на големо ќе се коментира и ќе се пофали со оглед на резултатот. А како тоа го поднесе самиот Роналдо, само тој си знае. Темата во медиумите и социјалните мрежи е неизбежна: Јасно ли му е дека селекторската одлука беше ептен од корист за сите или не му е по ќеиф?
Лионел Меси ја реши Австралија во осминафиналето на Мундијалот во Катар и стигна до јубилејни 1.000 настапи во кариерата. За ФИФА тоа беше добар повод да го спореди учинокот на двајцата кој оди целосно на страна на аргентинскиот ас. Води со 64 гола повеќе, 132 асистенции и 10 трофеи.
Има преку 800 голови во кариерата и уште е ненаситен и сака сите да ги дава. Кај го лажеше цел свет и се радуваше на голот ко тој да е стрелец, па уште се појави видео и од после натпревар како се објаснува со некој дека ја чепнал малку (веројатно со косата). Милион спрдњи излегоа за Кристијано, кој не се согласува со официјалниот записник.
Со двата гола на Бруно Фернандеш од кои еден од пенал, Португалија заедно со Франција и Бразил стана трета селекција со 6 бода, а воедно и трет осминафиналист на Мундијалот. Мангупско додавање на Кристијано по кое паднеше гол, ќе паднеше и нетот.
Првото коло од Мундијалот, Португалците го играат последни во четврток, а тоа им дава доволно време малку и за разонода и релаксација. Репрезентативците добија задача да нацртаат по еден соиграч. Роналдо го нацрта Пепе и прсна од смеење.
Француската модна куќа Луј Витон со помош на фотографката Ани Лејбовиц извади фотографија на кој во шаховски дуел се наоѓаат Роналдо и Меси. Фотографија кој стана мега популарна и која влезе меѓу најлајкуваните во историјата на Инстаграм. Само од вчера до денес на профилот на Кристијано има собрано 35 милиони, а кај Меси 27 милиони лајкови.
Излезе и вториот дел од интервјуто на Роналдо кој предизвика многу реакции, посебно на островот. За Меси има само пофални зборови и го нарекува магичен.
Специфични, доста специфични денови за Кристијано Роналдо, ама и за медиумите, кои лесно знаат да се насанкаат на фотка или клип, кои на прва сугерираат дека сега сите се против португалската ѕвезда.
Жоао Кансело за време на тренингот на Португалија изгледаше како да му е лут на Роналдо, ситуација која вчера сугерираше на контроверзното интервју. Но се појави подолго видео на кое изгледа како Роналдо да сака да се пошегува и да го смири после дуелот кој играчот на Сити го загуби и ја рогна топка во нервоза.