Роналдо гази со дури 638 милиони следбеници на Инстаграм. 170 милиони има на Фејсбук, 113 милиони на Твитер, а пред три недели отвори и Јутјуб канал на кој веќе го следат 60 милиони луѓе.
Тоа се вкупно 981 милинон следбеници, кои со се следбениците на кинеските социјални мрежи справат милијарда следбеници.
Ниту еден друг спортист и општо човек на планетава нема стигнато до ваква збирна бројка.
„Испишавме историја – 1 милијарда следбеници. Ова не е само бројка, тоа е доказ за наша заедничка страст, посеветеност, љубов кон играта и повеќе од тоа.
Од улица во Мадеира до најголемата светска сцена. Секогаш сум играл за моето семејство, за вас, а сега за сите нас една милијарда заедно.
Бевте со мене на секој чекор до патот, низ сите височини и падови. Ова патување е заедничко и покажавме дека нема граници за тоа што можеме да го постигнеме.
Ви благодарам што верувате во мене, за вашата поддршка и што сте дел од мојот живот. Најдоброто допрва следува и ќе продолжиме заедно да одиме напред, да победуваме и да испишуваме историја“, порача Роналдо.
We’ve made history — 1 BILLION followers! This is more than just a number - it’s a testament to our shared passion, drive, and love for the game and beyond.
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) September 12, 2024
From the streets of Madeira to the biggest stages in the world, I’ve always played for my family and for you, and now 1… pic.twitter.com/kZKo803rJo