Се работи за првата сезона на Кристијано во Јувентус, 2018/2019, онаа кога Ајакс беше неверојатен и за влакно не стигна до финале во ЛШ. Со поразот од 2:0 од Атлетико Мадрид во осминафинале, Јувентус на реваншот имаше зезнат резултат, против тврд противник за што беа потребни 3:0 за елиминација. Одговорот го имаше Кристијано Роналдо со голови во 27', 48' и 86' минута токму против неговиот градски ривал од Мадрид, за делириум на Алијанц.