Ал Наср елиминиран во ЛШ, Роналдо ја има утката на кариерата

Со гол во 118-та минута, Кристијано Роналдо го спаси својот тим и го однесе во продолженија, но сето тоа паѓа во вода.

Ал Наср ги завршува настапите во азиската Лига на шампиони во четвртфинале, а елиминацијата им ја приреди Ал Аин. 

По одигрувањето на првата средба која заврши 1:0, Ал Наср на реваншот во регуларните 90 минути победи 3:2, по што мечот отиде во продолженија во кои паднаа уште два гола.

Во 103-та минута Ал Аин израмни на 3:3, а Роналдо од пенал во 118-та минута погоди за 4:3 и се избори за пенали.

Гостите славеа со 1:3, бидејќи од вкупно четворица само Роналдо беше прецизен од белата точка. Меѓу оние кои промашија е и Брозовиќ.

Натпреварот го донесе веројатно и најголемото промашување во кариерата на Роналдо кој се посрамоти од два метри при резултат 2:2.

Киксот на голманот на Ал Наср во 103 кој гостите го искористија и израмнија на 3:3.

12 март 2024 - 08:28