Таг: ал наср

Ал Наср елиминиран во ЛШ, Роналдо ја има утката на кариерата

Со гол во 118-та минута, Кристијано Роналдо го спаси својот тим и го однесе во продолженија, но сето тоа паѓа во вода.

Ал Наср го понижи Интер Мајами со 6:0, Лапорт даде гол од 70 метри

Беше најавувано како шоу меѓу Роналдо и Меси, но Португалец не играше поради повреда, а Меси влезе во 84 минута. Но и без нив, пријателската меѓу екипите кои се прославија поради двете мега ѕвезди, заврши со спектакл од 6 комада, сите во мрежата на тимот од САД. Хет-трик на Талиска и лудачки лоб на Лапорт од своја половина.

Специјална торта за Роналдо на тренингот на Ал Наср

И покрај тоа што годината не е завршена и бројките може уште да растат, фудбалерите на Ал Наср го изненадија Роналдо со торта на која стои неговата голгетерска статистика за 2023-та, а тоа се 40 голови на сите натпреварувања за клуб и репрезентација. Плус 203 меча и 127 гола за Португалија.

Добро голман, јас ли од трибина да ти викам пази леѓа?

На еден од последните натпревари на Ал Наср, навивач зад гол, го одра грлото по голманот. Целта беше да го разбуди да не прими гол.

Роналдо е во одбрано друштво на мајстори

Еден од нив е Луис Фиго од Али Експрес, кој упати удар кој не се фаќа. Како и да се намести голманот.

За 500 милиони Роналдо има и оро да играш

Саудиска Арабија го славеше денот на независноста, а своја интерна прослава организираше и Ал Наср во која го вклучи и најплатениот фудбалер во историјата. Се појави со сабја и традиционална облека.

А го видовте ли голманот на кој Роналдо му даде 4 комада?

Не би да судиме по изглед, ама еден од најдобрите на сите времиња да се радува против ваков лик на ист начин како против Барса, некако не оди. Кире Трајчев од Силекс е Паљука за овој.

Инвазија на скакулци за време на голеадата на Роналдо

Чудни фотографии пристигнаа од фудбалскиот натпревар меѓу Ал Наср и Ал Вехда во Саудиска Арабија. Додека Кристијано Роналдо се радуваше на четири гола, на трибините на Мрсол парк имаше рој од скакулци.

Арапите паднаа во транс на првиот дриблинг на Роналдо

Кристијано Роналдо дебитираше за Ал Наср без постигнат гол, но со победа од 1:0 над Ал Етифак, клуб за кој игра, но не настапи Дарко Велковски. Навивачите се воодушевија од првиот атрактивен потег на Португалецот кој го седна на газ својот чувар.

Луксузот во кој ќе престојува Роналдо и промоцијата на стадион

Португалската ѕвезда, освен што ќе добие 500 милиони евра од Арапите за две и пол години договор, му обезбедија и кралски објект вреден 14 милиони евра со три вили, водопат, базен, осум спални, теретана... А на стадион му приредија шоу.

Лапсус на Роналдо на првиот прес во новиот клуб

„Фудбалот е поразличен, a за мене тоа што дојдов во Јужна Африка не значи крај на кариерата“, рече Роналдо на официјалната промоција на Ал Наср, клуб кој е инаку дел од југозападната азиска држава Саудиска Арабија.

Фудбалска треска во Саудиска Арабија, пристигна Роналдо

„Откако ја освои Европа, големата ѕвезда има нова мисија да ја освои Азија“, гласи пораката на Ал Наср кој со две и пол годишна заработка од 500 милиони евра, го направи Португалецот најплатениот играч откако постои фудбалот.