Голманот на кој Кристијано Роналдо му даде четири гола во Саудиска Арабија на мечот Ал Наср - Ал Вехда, конечни 4:0 се вика Абдулќудус Атиа.
Смешен лик со застарен имиџ од 80-те на кој ќе ве лажеме ако напишеме дека не се изнасмеавме на глас во канцеларија.
Него тоа е небитно. Позанимливи се фактите кој велат дека Роналдо се радувал против треторазреден голман со никакво портфолио.
Great feeling to have scored 4 goals and reaching my 500th league goal in a very solid win by the team!💪🏼
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) February 9, 2023
⚽️⚽️⚽️⚽️ pic.twitter.com/o2ZfV6fYBu
Пребаравме на интернет да видиме кој е типов и налетавме на штури информации, како да се работи за голман од четврта лига. Вредноста на Трансфермаркт му е 75.000 евра.
На Википедија има два пасоса, а последните настапи му се забележани во сезоната 2020/2021. Роден е 1997-ма, а брани од 2018-та.
Ама прашање е и колку брани. Второво инфо вели дека ланска сезона немал ќорав настап.
Тешко е и до фотографија да се стигне. Кога на Гугл го напишавме со име и презиме, повеќе фотки ни излегоа од Роналдо отколку од него.
Во каква лига отиде да игра петкратниот освојувач на Златната топката?
😁⚽ Абдулќудус Атиа - голманот на кој Кристијано Роналдо му даде четири гола.
— Mozzart Bet Makedonija (@MozzartBetMK) February 10, 2023
На социјалните мрежи се појави досега непотврдена вест дека во слободно време работел и како градежник. pic.twitter.com/lliXv8eLxp
А да, ако не ви текнува на Кире Трајчев. И за репрезентација бранеше. Легендарен брк, во мода за тоа време.