Фудбалска треска во Саудиска Арабија, пристигна Роналдо

„Откако ја освои Европа, големата ѕвезда има нова мисија да ја освои Азија“, гласи пораката на Ал Наср кој со две и пол годишна заработка од 500 милиони евра, го направи Португалецот најплатениот играч откако постои фудбалот.

Роналдо доцна синоќа слета во Ријад за да го одбработи најбогатиот фудбалски договор кој го потпиша до 2025-та година.

Цел град е во еуфорија и го пречека со пораката „Хала Роналдо“. За денеска му се закажани медицински прегледне и прес конференција на која и официјално ќе биде претставен.

Арапите на Роналдо ќе му даваат годишна плата од 200 милиони евра, а повеќе од половина од овие пари ќе ги добие преку спонзорски договори и бонуси.

Дебито за Ал Наср се очекува да му биде на 14 јануари против Ал Шабаб, а цената на билетите изнесува 4 долари.

За Португалецот ова е петти клуб во кариерата после Спортинг, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус.

3 јануари 2023 - 09:04