Кристијано Роналдо пак тера по старо, а овој пат ја загуби главата на дербито против Ал Хилал во второто полуфинале од Супер Купот на Саудиска Арабија.
Португалецот очигледно не знае да се носи со порази, што е чудно за еден таков голем фудбалски габарит, а ниту умее да си ги контролира емоциите на терен.
Ал Хилал за 11 минути во вториот дел направи водство од 2:0, а на 5 минути до крајот на средбата Роналдо доби црвен поради тоа што влезе во клинч со играч и го удри со лакт.
Недозаволен од одлуката почна да се расправа со судијата, па дури и ја напумпта тупаницата и му забавна, а потоа кога го напушташе теренот повторно ја истакна неговата препознатлива иронија.
Ал Наср успеа да постигне гол преку Мане во 99-та минута, но само го намали поразот на 2:1.
Ал Хилал, предводен од Милинковиќ, Митровиќ, Нејмар и Кулибали во финалето од Супер Купот ќе игра Ал Итихад на Бензема и Канте, кој славеше исто така со 2:1 над Ал Вехда.
Освен во Супер Купот, Роналдо е многу блиску пред губење на титулата и во првенството, бидејќи Ал Хилал на 7 кола до крај има +12 пред Ал Наср.
Ronaldo sent off for assaulting this don 😂 pic.twitter.com/pvPQBRWwUC
— MC (@CrewsMat10) April 8, 2024
Ronaldo wanted to hit the referee with the ball after getting a red card 😂😭😂 pic.twitter.com/wP5KBukP5w
— Footy Humour (@FootyHumour) April 8, 2024