Статистиката покажува дека според бројот на одиграни минути, Роналдо има најголем број на удари на Европското првенство во Германија.
Или скратено 23 обиди - 0 голови. Втор е Мбапе со 20, уште една супер ѕвезда кое игра под секое ниво. Единствениот гол му е од пенал против Полска.
Роналдо не постигна гол во нокаут фаза ниту на последните две големи натпреварувања, СП 2022 и ЕП 2020. Последниот погодок во најважните нокаут средби му е во полуфинале против Велс на ЕП 2016.
Тоа е всушност единствената победа на Португалците на тој турнир, остварена во регуларниот дел.
Станаа европски прваци со три нерешени во групна фаза, победи во осминафинале и финале во продолженија и преку пенали во четвртфинале.
Се појави уште несвојствена статистика поврзана со Роналдо. Од вкупно 93 удари на 21 меч од нокаут фаза на кој настапил на Мундијал и Европско, постигнал само 3 гола.