Никако не успеваме да му најдеме НЗС на овој човек, еден од најдобрите фудбалери во историјата, за некого можеби и најдобар.
Освои 33 клупски трофеи, стана европски првак со својата земја, има 5 златни топки, купишта награди и рекорди, милијарда евра, атрактивна жена, деца и после сево ова наседнува и се нервира на секоја провокација.
И тоа на крај на кариера, кога треба да си го лади мозокот и да се забавува во залезот на една кариера, недостижна за илјадници фудбалери.
Згора на сè, откако замина во Саудиска Арабија каде има господски третман и енормно голем договор од 500 милиони евра за 2,5 сезони, плука, пцуе по кој стигне, рога шишиња, се расправа со судии, играчи, публика, а врвот е што почна да се истакнува и со крајно сељачки потези.
Пред околу две недели бутна дрес под гаќи и се подзабриша, а синоќа фати со рака да гестикулира.....Не оди да опишеме што.
I thank God for not making me a Cristiano Ronaldo fan , i could never idolise this filthy man child.
— Max Stéph (@maxstephh) February 25, 2024
pic.twitter.com/IYuANwGIBO
🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨
— KinG £ (@xKGx__) February 25, 2024
Cristiano Ronaldo and an Unethical behavior, this time in front of Al-Shabab fans!!!!pic.twitter.com/VuPp3tsKLv
🗣️ Al Shabab fans Chanting "Messi, Messi" in front of Cristiano Ronaldo 😭😭pic.twitter.com/S7VifyQtYB
— ACE (fan) (@FCB_ACEE) February 25, 2024
Инаку пресметката меѓу Ал Шабаб и Ал Наср заврши 2:3, Роналдо даде гол од пенал, а Талиска постигна два.