Новинар му побара покачување на газда Роналдо

Двајца новинари после мечот Португалија - Узбекистан, поентираа многу јако со две прашања до Роналдо и го изнасмеаа. Одиме со ред.

Репортер 1: Сега сте акционер во LiveMode, што значи дека сте ни шеф. Прво, вие сте најголемиот „шеф“ на светот. И второ, сакавме да прашаме кога можеме да очекуваме зголемување на платата.“

Репортер 2: Јас не сакам зголемување. Сакав да прашам дали би можел да добијам службено возило. Може да биде некое од вашите.“

Кристијано Роналдо: „Смисла за хумор. Ми се допаѓа. Таков е денот.“

Петарда на Португалија, Роналдо се израдува два пати

25 јуни 2026 - 13:45