Жезус: Правилата се исти за сите, Роналдо ми рече дека ако треба ќе седи на клупа

Селекторот на Португалија зборуваше на прес за жешката тема „Кристијано Роналдо“. Проблем со него вели дека нема, туку се работи за тренерска одлука.

Жорже Жезус во очи на мечот против Данска, уште во старт објасни дека на прво место е натпреварот за кој се дојдени во Копенхаген, но темата за заминувањето на Роналдо од тренинг кампот беше неизбежна.

„За мене, најважната работа е целта поради која сме дојдени овде за натпреварот против Данска. Станува збор за почитување на противникот. Ќе играме против одличен противник, со амбиција да продолжиме со победите во Лигата на нации.

Не располагам само со еден играч, туку со 23-ца, и можете да прашате што сакате за кој било од нив. Но, сепак ќе одговорам на вашето прашање.

Што се однесува до Роналдо, едно прашање е малку, а три се премногу. Ќе одговорам само на две прашања за Роналдо, а потоа нема повеќе да одговарам на таа тема, бидејќи Роналдо не е главната причина поради која сум овде.

Главната причина поради која сум овде е Данска и фактот дека сум селектор на репрезентацијата“, вели 72 годишниот португалски селектор, кој минатата сезона му беше тренер на Роналдо во Ал Наср.

На прашањето дали се договорил со Роналдо околу неговата минутажа и дали тој одбил да тренира со репрезентацијата, Жезуш рече:

„Точно е дека се договоривме за нешто. Но, не се договорив само со него. Исто така, направивме план, како што направив и со Бруно Фернандеш.

Му кажав на Кристијано дека нема да игра на натпреварот против Норвешка или на оној против Данска, бидејќи сметав дека тоа е вистинската одлука.

Работев со него една година. Целосно ја познавам неговата физичка состојба. Знам, бидејќи веќе го правев ова со него во Саудиска Арабија. Кога имаше натпревари на секои три дена, тој ретко играше.

Кристијано никогаш не тренира првиот или вториот ден по натпревар. Никогаш. Помина една година со мене и никогаш не го правеше тоа. Значи, се договорив за ова со него.

Пред натпреварот му кажав, а и кога ја имавме првата прес-конференција во Португалија, тој исто така зборуваше за ова. Рече дека што и да побара тренерот, ако треба да седи на клупа, тој ќе седи на клупа.

И штом веќе зборувам за него, работевме една година. Нема никаков проблем меѓу мене и него. Сум имал проблеми со многумина, но не претворајте го ова во проблем што не постои. Ова беше тренерска одлука. 

Статусот е едно, а правилата се исти за сите. Штом натпреварот ќе започне, ситуацијата е иста. Тренерот е тој што мора да ја донесе одлуката. Јас така размислувам и секогаш ги носам одлуките водејќи се од една цел: што е најдобро за тимот, притоа секогаш почитувајќи ги играчите“, заврши Жезус.

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Добар пријател на Кристијано Роналдо открил што се случувало во кампот на Португалија 

1 октомври 2026 - 09:46