Новиот селектор на Португалија, искусниот Жорже Жезус (71) кој имаше големи успеси со најголемите португалски клубови а беше тренер и на бразилски екипи, реши да го остави на клупата за резерви Кристијано Роналдо во текот на дуелот со Норвешка на гости кој Португалија го доби 1:2.
Жезус во еден момент го прати Роналдо на загревање на дуелот во Осло но после дури 30 минута го врати на клупата.
Ова беше првпат Кристијано да остане резерва во репрезентацијата на Португалија после цели 18 години односно од натпревар против Швајцарија на Европско првенство 2008-ма година кога на Португалците не им беше важен резултатот зошто беа пласирани понатаму и беа први во групата.

Според новинарот Еду Агире кој е близок пријател со Кристијано Роналдо, конфликтот започнал по натпреварот со Норвешка на кој легендарниот фудбалер се загреваше околу 30 минути а на крај не влезе во игра.
„Едно е да се договориш дека нема да биде стартер, но сосема друго е да го гледаш како се загрева триесет минути, а да не го ставиш во игра до крај“, го започнал своето излагање шпанскиот новинар Еду Агире кој важи за близок пријател на Кристијано Роналдо.
„Жорже Жезус излезе на прес-конференција и се однесуваше горделиво, тврдеше дека сите играчи се исти. Не се согласувам. Не се сите играчи исти, зошто кога португалската репрезентација ќе испадне од Светско или Европско првенство сите критики не се насочени ни кон Роберто Мартинез, ни кон Жорж Хезус, ни кон Бернардо (Силва), туку се насочени кон Кристијано“.
Новинарот вели дека после тоа е одржан приватен состанок меѓу Кристијано Роналдо, селекторот Жорже Жезус и Педро Проенса, претседателот на фудбалскиот сојуз на Португалија.
„Синоќа, во вторникот е одржан состанок. На него учествуваа претседателот на федерацијата, селекторот и Кристијано. Жорже Жезус му се извинил на Кристијано“, вели новинарот Агире и додава дека селекторот му се извинил што го држел половина час на загревање а на крај не го ставил во игра.
Но разговорот не завршил тука.

Агире вели дека селекторот Жезус му ветил на Роналдо дека јавно ќе ја признае својата грешка на следната прес-конференција.
„Тој не само што му се извини во четири очи, туку му рекол и дека ќе се извини јавно - дека јавно ќе признае дека прогрешил. Тоа Жорж Жезус му го ветил на Кристијано“, вели новинарот Еди Агире.
Но според зборовите на Агире, следниот ден се случило нешто сосема поинаку. Селекторт Жорж Жезус се појави пред медиумите како и обично и објасни дека решил дека Роналдо да не игра ни против Норвешка ни против Данска. Селекторот го бранел својот авторитет и истакнал дека сите играчи во репрезентацијата имаат еднакви права.

За Агире, таа контрадикција била пресвртен момент за Роналдо:
„И тој (селекторот) оди на конференција за новинари и изнесува гомила лаги во кои никој не верува. Затоа Кристијано избувнал. Затоа Кристијано избувнал, повторил новинарот Агире и додал: „Затоа што се чувствува предаден“.
„Појавувањето на прес-конференција за да се дадат такви изјави претставува не почит кон Кристијано Роналдо, играч кој дава се од себе за Португалија на 41 година. Срамно е!“
Кристијано Роналдо со Португалија освои Европско првенство 2016, освои две Лига на Нации и настапи на рекордни 6 Светски првенства.
Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата
Жезус: Правилата се исти за сите, Роналдо ми рече дека ако треба ќе седи на клупа