Во екот на кризата на Баварците кои викендов уште повеќе се оддалечија од реалната можност за одбрана на титулата, дошло до расправии меѓу Џошуа Кимих и помошник тренерот Золт Лов.
29 годишниот Кимих не можел да поверува дека Тухел го вади во 63-та минута, по што негодувал и бил целосно разочаран на клупа. Билд пишува дека Ноер спречил и тепачка меѓу Кимих и Лов.
„Врската меѓу Томас Тухел и Џошуа Кимич е растурена. Последната епизода беше кога Кимих по вчерашниот натпревар го нападна еден од најблиските соработници на Тухел, Золт Лов. Кимих веќе се чувствуваше отфрлен минатото лето бидејќи главниот приоритет на Тухел беше да добие вистински играч од средниот ред кој ќе биде шеф на теренот. Пред натпреварот со Леверкузен, Кимих опсесивно работеше за да биде фит навреме и успеа, но Тухел во најважниот натпревар во сезоната се реши за Павловиќ и Горецка по што тоа Кимих бил крајно револтиран. Кимих му беше продолжена рака на Јулијан Нагелсман, но под водство на Тухел одамна го загуби овој статус. Затоа сега размислува да го напушти Баерн на лето“, пишува Твитер профилот Bayern & Germany, кој го следат скоро 400.000 луѓе.
Баерн во следното коло од Бундеслигата ќе игра против Лајпциг, а потоа ќе има реванш во Лигата на шампионите на домашен терен со Лацио.
На 12 рунди до крајот заостанува 8 бода зад неприкосновениот Баер Леверкузен, кој ита кон титулата.
Gerade Szene beim Reingehen der Bayern-Spieler. Co-Trainer klatscht Spieler ab, #Kimmich schnauzt ihn dabei an. Jeder der „Tuchel raus“ schreit, sollte auch „Kimmich raus“ schreien. Dieser Typ ist absolutes Gift für die Team-Chemie und alles aber kein Führungsspieler. #FCBayern pic.twitter.com/Z9PA8nsJ3G
— Anna Neumann (@anna_p_neumann) February 18, 2024
The relationship between Thomas Tuchel and Joshua Kimmich is broken. The latest 'episode' was when Kimmich attacked one of Tuchel's closest confidants Zsolt Lőw after yesterday's game. Kimmich had already felt snubbed last summer because Tuchel's main priority was to get a real… pic.twitter.com/CNF7T8e339
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) February 19, 2024
kimmich: o tuchel é horrível o cara só faz merda olha como ta o bayern pic.twitter.com/C3ITgrlNwV
— lyn (@FCMUNlCH) February 18, 2024
kimmich aufn rückweg nach münchen #BOCFCB pic.twitter.com/x3PAO2HJ2J
— Racker 🎾 WerderGeil (@RackerAven) February 18, 2024