10 април, 1991-ва ќе остане запечатен датум во аналите на Црвена Ѕвезда и европскиот фудбал, што значи еден ден ја доцниме незаборавната ноќ на неповторливите јунаци на белградскиот гигант кои ја покорија Европа.
Во првото полуфинале од тогашниот Куп на Европски шампиони, сегашна ЛШ, Црвена Ѕвезда му гостуваше на тогаш трикратниот европски првак Баерн Минхен.
Не го почна добро, во 24 минута резултатот го отвори Роланд Волфарт, гол на кој речиси и никој да не се сеќава на нашиве простори.
Го покрија Дарко и Дејо во 45-та и 70-та минута со страшнии акции од контра кои се верглаат преку три децении.
Во првата акција Просинечки му даде страшен пас на Биниќ кој го пронајде Панчев, а овој го израмни резултатот. За комплениот пресврт Панчев му асистираше на Савичевиќ кој тргна како олуја кон противничкиот гол за голема и незаборавна победа од 1:2.
Мечот се играше пред околу 64.000 публика, а составите беа следни:
Црвена Ѕвезда: Стеван Стојановиќ - Миодраг Белодедиќ, Илија Најдоски, Душко Радиновиќ, Слободан Маровиќ, Синиша Михајловиќ - Владимир Југовиќ, Роберт Просинечки, Дејан Савичевиќ - Драгиша Биниќ, Дарко Панчев; Тренер: Љупко Петровиќ.
Баерн Минхен: Рејмонд Ауман – Клаус Аугенталер, Јирген Колер, Ханс Пфлугер – Манфред Швабл, Штефан Ефенберг, Олаф Рон, Штефан Ројтер, Манфред Бендер – Брајан Лаудруп, Роланд Волфарт; Тренер: Јуп Хејнкес.