Третото коло од ЛШ мина во знакот на шпанската фудбалска лекција против гигантите од Бундеслигата и тоа двојна. Реал ја намачка на леб Борусија со 5:2, а Барселона го доби убедливо Баерн со 4:1. Буквално ги здробија и целосно ги надиграа, а на моменти си поигруваа како со мали деца.