Пасот на Мусиала до Кејн кој требаше да биде асистенција на сезоната

Баерн Минхен го запиша третиот пораз во само 9 дена, а по Лацио изненадување им приреди Бохум кој славеше 3:2 и тоа со пресврт. Мусиала го отвори резултатот во 14 минута, а само 4 минути подоцна му сервираше страшно јака топка на Кејн која ја упропасти.

Англискиот напаѓач пропушти на крај и чиста шанса за реми, а во 87-ма минута даде гол за конечни 3:2 и стана фудбалер кој успеал најбрзо да стигне до 25 гола во една сезона.

Баерн сега е на -8 од лидерот Леверкузен во борбата за титула.

19 февруари 2024 - 08:44