Битката Баерн - Интер, како потсетник на еден херојски гол на Пандев

Како вчера да беше, а поминале 14 години од таа нокаут средба меѓу вечерашните противници во ЛШ. Тогаш се сретнаа во осмина, а вечерва ќе се соочат со четвртфинале. Интер го играше реваншот на Алијанц со непријатен резултат. Го загуби првиот дуел дома со 0:1 и тоа во 90-та минута. На 2:2, во 88-ма среден Минхен, експлозија на Горан Пандев за голема победа од 2:3 и пласман во топ 8. Незаборавен гол.

8 април 2025 - 15:39