Баерн дебитираше на Светско со 10:0

Чудно звучи насловот како за Светско, но така сакаше ФИФА со новиот систем, а противниците на европскиот гигант и не можеа да поминат поинаку со оглед на енормно големата разлика во класи на двете екипи.

После четирите одиграни натпревари во групите А и Б, на ред дојде и првата битка во Ц групата од Светското клупско првенство кое за прв се игра со 32 екипи во 8 групи.

Таму на Баерн Минхен налета јадниот Оукленд Сити кој 10 пати ја вадеше топката од сопствената мрежа.

Се работи за најтрофејниот клуб во Нов Зеланд со 13 титули, кој во пари вреди 166 пати помалку од Баерн. 5,2 милиони евра наспроти 866 милиони.

Па од таму разбиливо и доаѓаат и овие 10:0 со 71% посед на топка и вкупно 31 удар од кои 17 во рамките на гол.

Инаку момците на Компани на полувреме имаа 6:0. Хет-трик постигна Мусиала, по два дадоа Коман, Милер и Олисе и еден Саша Бои.

Вториот меч од групата Ц е меѓу Бока Јуниорс и Бенфика. 

16 јуни 2025 - 08:58