Тинејџерот на Баерн со нов рекорд испиша историја во ЛШ

Многу пресврти синоќа во Лига на шампиони. Меѓу нив и оној на Алијанц, каде Кимих во 54 минута си постигна автогол, а потоа Спортинг прими три. Еден од нив е на Карл за историја.

Ленарт Карл во 69 минута со многу чувство влезе во шеснаесетник и ја заврши акцијата со два убави фудбалски потези. Прием со лева, гол со десна за водство на Баварците од 2:1.

Со овој погодок, Карл со 17 години и 290 дена стана најмладиот играч во историјата на ЛШ со три гола на три мечеви по ред.

Со тоа го надмина Мбапе, кој во дресот на Монако даде три во низа на 18 години и 113 дена.

Големиот талент се запиша во листата на стрелци против Клуб Бриж, Арсенал и Спортинг Лисабон.

Магијата во сала на 11 години, на тинејџерот кој стигна до Баерн 

10 декември 2025 - 08:27