
Бен Скот кој брани за аматерскиот клуб Стокбриџ може да биде среќен што поради груб стар доби црвен картон и предвреме мораше да го напушти натпреварот затоа што успеа да му го продолжи животот на еден од навивачите.
Додека заминувал во соблекувалната гледачка повикала помош и се стрчала кон него, а аматерскиот голман кој инаку работи во болница веднаш дотрчал и го спасил навивачот кој претрпел срцев удар за време на мечот.
Благодарение на херојскиот голман и неговата интервенција, навивачот потоа бил пренесен во болница и веќе е на домашно лекување.