таг: анти-ваксери

Прав анти-ваксер не си го вакцинира ни кучето, ваистину не си го вакцинира

Една од дилемите која одамна мачи околу анти-ваксерите е: како не си го вакцинираш роденото дете, а си го вакцинираш кучето? А, кој ќе ти реши ваква дилема, ако не анти-ваксер. Повеќе

Анти-ваксерите не дојдоа од никаде, некој плати за нив

Богат пар од Менхетен стои зад финансирањето на онлајн групи и настани во живо кои шират страв од вакцини, вклучувајќи и два форуми во „епицентарот на годинешната епидемија на сипаници“ во заедницата на ултра-ортодоксни Евреи во Њујорк, објавува Вашингтон пост во својата истрага. Повеќе

2.500 евра казна за вас прекрасни анти-ваксери

Казна од 2.500 евра за сите родители кои нема да си го вакцинираат детето е предвидена во новиот предлог закон на германскиот министер за здравје. Повеќе

Анти-ваксерска карма

Висок италијански функционер на владејачката Лига со години корне од пропагирање против задолжителното вакцинирање против сипаници, а минатата влада ја нарекуваше „сталинистичка“ затоа што терала задолжително вакцинирање. Што мислите од која болест моментално е заразен? Повеќе

Француски извоз на сипаници како во добрите колонизаторски времиња

Француско семејство оди на годишен одмор на Костарика и тоа во состав татко, мајка, деца и сипаници. До тогаш Костарика тера серија без ниту еден случај на сипаници од 2014. Повеќе

Деца лоших родитеља

Тинејџери израснати со анти-ваксер родители стравувајќи од сите можни заболувања почнаа по интернет форуми да бараат помош како тајно да се вакцинираат, објавува Салун. Повеќе

Рекорден успех на анти-ваксерите

Светската здравствена организација побара од европските земји да се узобилат и да преземат соодветни мерки бидејќи бројот на заболени од мали сипаници на континентот бележи рекордни цифри. Водат Украина и Србија. Повеќе

Сипаници во Европа, трагедија што не може да биде прифатена

Европа минатата година има 21.000 случаи на сипаници, што е речиси четири пати повеќе отколку во 2016, објавува Светската здравствена организација. Повеќе

Ај уште еднаш да пробаме

По сите оние доктори, студии, мета-студии, мета-мета-студии, статистики, детална анализа на секоја поединечна состојка и сè што е човечки возможно да се направи, се добива впечаток дека на противниците на вакцини, поважно и од самото недавање вакцини на своите деца, им е да не бидат разубедени. Ама, ај уште еднаш да пробаме. Повеќе