Наведеното здружение, заедно со организацијата „Педијатрија заснована на докази“ формирале група која по правен пат започнува борба против анти-ваксерите. Првата пријава е поднесена против извесна докторка Јована Стојковиќ.
„Нејзините нестручни, нехумани и сулуди настапи во масовните медиуми и по трибините се дел од вината зошто падна процентот на вакцинација, се појави епидемија и се создаде паника. Наскоро сиот доказен материјал против неа ќе го доставиме и до Етичкиот комитет на Лекарската комора и Судот на честа“, наведуваат лекарите од овие здруженија кои велат дека таква манипулација со доказите како што го прави тоа доктор Стојковиќ, ретко се сретнува во медицинската струка.
Претседателот на групата „Педијатрија заснована на докази“ вели дека се решиле на правна битка откако сфатиле дека преку трибини и медиуми не можат да им парираат на агресивните антиваксери и нивните ревносни администратори на социјалните мрежи.
„Анти-ваксерите успеаја да го соборат процентот на вакцинација со ММР во Белград и другите поголеми градови со што посредно помогнаа да се рашири епидемијата на малите сипаници за кои пак тврдат дека се банална болест. Сите кои им се спротивставуваат се нарекуваат платеници на фармациската мафија, фашисти, убијци на деца...“, вели педијатарот Томислав Стевановиќ.
Карлеуша, која и онака е везден по судови, те со Цеца те со други слични субјекти, рекла дека едвај чека да ја тужат.