Семејството пристигнало во Костарика на 18 февруари. Во поставата се знае дека не биле вакцинирани мајката и 5-годишното дете кое покажало симптоми на болеста.
Тамошните медиуми пишуваат дека мајката го носи детето кај приватен доктор за да му го прегледа осипот на кожата што му се има појавено. На доктор таа признава дека и двајцата не се вакцинирани, како и тоа дека и други деца од градинката на малиот во Франција уште пред тргање пријавиле дека се заразени со сипаници.
Ништо од оваа равенка, невакцинирано дете + епидемија на сипаници во неговата градинка, не ги алармирало родителите дека можно е да има проблем.
Детето моментално се држи во карантин во болница во Костарика, додека властите пробуваат да открија кој се имал контакт со малиот. За целиот случај информирани се и француските власти. Се уште не се знае дали има заразени меѓу патниците на повеќе часовниот лет во авионот со кој француското семејство дошло на одмор.
Од министерството за здравство на Костарика објаснуваат дека земјата има одлична стапка на вакцинираност, меѓутоа за да се избегне можна компликација од францускиот увоз се препорачува сите деца да ја комплетираат вакцинацијата. Костарика немала домашен случај на сипаници од 2006, а последниот евидентиран случај на сипаници во земјата е од 2014 и станува збор за пациент од странство.