Таг: сипаници

83-годишната потрага по еден исчезнат вирус

Вакцините кои биле користени за уништување на големите сипаници, и кои се користат и денес против мајмунските, се базирани на непознат вирус кој до сега никој не го идентификувал - патогенски „дух“. И покрај долгата потрага, никој не знае од каде се нашол во вакцините, ниту пак дали се уште постои во дивина.

Првата „вакцина“ била дувана во нос

Пред да има вакцинација во денешната смисла на зборот, во 15 век во Кина почнала да се спроведува „вариолација“ - прв метод со кој луѓето се имунизирале против големи сипаници. Начинот е малку гаден, но резултатот бил крајно успешни. Секако, и тогаш имало анти-ваксери.

Британија го изгуби статусот на држава без сипаници

Пред 3 години Британија прогласи дека вирусот е елиминиран на нејзината територија. 3 години и идиотска упорност на анти-ваксери, во првиот квартал од 2019 во земјата се потврдени 231 случај.

2.500 евра казна за вас прекрасни анти-ваксери

Казна од 2.500 евра за сите родители кои нема да си го вакцинираат детето е предвидена во новиот предлог закон на германскиот министер за здравје.

Француски извоз на сипаници како во добрите колонизаторски времиња

Француско семејство оди на годишен одмор на Костарика и тоа во состав татко, мајка, деца и сипаници. До тогаш Костарика тера серија без ниту еден случај на сипаници од 2014.

Рекорден успех на анти-ваксерите

Светската здравствена организација побара од европските земји да се узобилат и да преземат соодветни мерки бидејќи бројот на заболени од мали сипаници на континентот бележи рекордни цифри. Водат Украина и Србија.

Сипаници во Европа, трагедија што не може да биде прифатена

Европа минатата година има 21.000 случаи на сипаници, што е речиси четири пати повеќе отколку во 2016, објавува Светската здравствена организација.

Како малите сипаници инкубираа на македонскиот дел од Фејсбукот

Ако немате чуено, да ве информираме дека изминатата недела во Скопје изби епидемија на морбили (мали сипаници). Значи: во 2017, во Скопје има епидемија, на таа, ни нова, ни незапирлива болест - сипаници. Како се случи тоа? Игнорантни родители заглавени во неодговорни и повеќекратно побиени теории на заговор за штетноста на вакцинирањето. Како сите овие години инкубираше оваа епидемија пред да избие, ќе видите низ дел од коментарите што сето ова време ги добиваме на текстовите кои ги објавуваме на тема вакцинација и глупавоста на нејзиното избегнување.

Вест од школото што има толерантност кон невакцинирање

Откако наспроти сите здравствени препораки, училиштето дозволи примање на деца кои не се вакцинирани заради сите коректни аргументи и стравови на нивните родители, се случува неочекуван пресврт и невакцинираните деца почнуваат префаќаат имунитет на сипаници од вакцинираните. Нормално дека НЕ!

Анти-вакцинацијата ги врати сипаниците во Њујорк

На почетокот од веков сипаниците се сметаат за елиминирани во САД. Сега благодарејќи на брилијантни умови (од типот на Џејни МекКарти) кои во 21. век оспоруваат вакцинација, сипаниците повторно живнаа.

Години на сипаници

САД бележат најголем број на заболени од сипаници во последниве 15 години. Најголемиот виновник го гледаат во Европа која сè поретко се вакцинира.