
Рекордната бројка на луѓе што добиле сипаници во САД е зачудувачки мала во однос на нашите стандардни - 222 случаи во текот на целата 2011-та година. Вообичаениот број за САД е меѓу 50 и 60.
Повеќето случаи се "увозни" и според американските здравствени власти, се должат на намалената стапка на вакцинација во Европа и останатиот дел од светот.
А и Европа пријавува рекордни бројки. Лани имало 26.000 случаи на сипаници и 9 смртни случаи, три пати повеќе од состојбата од пред 5 години.