80 од 320 ученици (една четвртина) од основното училиште Брунсвик Норт Вест во Мелбурн во изминатите 2 недели биле заразени од сипаници. Болеста прв пат се појавила во 6-то одделение, а потоа почнала да се шири и кај помалите генерации.
Ова училиште има порелаксирани правила за децата кои не се вакцинирани, и стапката на имунизација меѓу студентите е 73,2% наспроти стапката од 92% во рамките на нивниот реон. Конкретно за сипаниците, за да може успешно да функционира "имунитетот на стадото" потребна е стапка на вакцинација од 90%.
Од детската болница Монаш објаснуваат дека и децата кои се вакцинирани можат сепак да се заразат со сипаници, бидејќи вакцината има процент на успех од околу 80%. Разликата е во тоа што дури и да се зарази вакцинираното дете на себе ќе има околу 25 црвени точки, наспроти него детето што не било имунизирано ќе заврши со 800.
Департманот за здравје прв пат добил информација за случај на сипаници на 26-ти ноември. Тие само изјавуваат дека во школото има стапка на отсутност од околу 25% без да потврдат на што се должи таа, објаснувајќи дека имајќи го предвид периодот од годината, таа може да е последица и на голем број други причини.
Вака внимателно сфаќање на ситуацијата немаат родителите на децата заразени од сипаници, од кои дел бараат прекинување со толерантноста кон невакцинираните, па до бркање на децата кои не се имунизирани.
Од 1-ви јануари, владата на сојузната држава Викторија ја воведува програмата "No Jab, No Play," по која семејствата кои ќе одбијат вакцинирање на нивните деца го губат правото на социјална помош или даночни олеснувања.