„Сакам да ги искоренам сипаниците. Секој што оди во градинка или на училиште треба да биде вакциниран против сипаници,“ објаснува германскиот министер Јенс Спан работи кои човек би помислил дека нема потреба да се објаснуваат во 2019, ама тоа е.
На предлогот му претходеа 651 случај на сипаници во Германија во периодот од март 2018 до февруари годинава, што е една од највисоките стапки во ЕУ. Рекордер на темата и понатаму е Италија со 2.498 пријавени случаи во овој период.
Студија на УНИЦЕФ објавена минатата недела открива дека сипаниците во 2017 во светот убиле 110.000 луѓе, главно деца. Ова е 22% повеќе од 2016.
Минатиот месец Њујорк објави дека сите оние кои живеат во населби во кои има поголем број заболени од сипаници, а не се вакцинирани, ќе бидат казнети со 1.000 долари.
Во извештај од 2017 Светската здравствена организација објавува дека 97% децата во Германија ја имаат примено првата доза од вакцината против сипаници, а 93% ја имаат примено втората доза.